Во селото Фискарс во Расеборг, Финска, постои необична куќа чиј дизајн е инспириран од фиктивните летечки чинии.
Куќата била изградена минатата година од страна на шведската компанија „Полестар“, која сега за неа добива голем број престижни награди и признанија. Дизајнот е на финскиот дизајнер Кристијан Талвитие. Инаку, компанијата е позната по производството на електрични автомобили со високи перформанси.
Куќата се опишува како „редефинирање на одржливото патување кое ги приближува луѓето до природата“. Станува збор за живеалиште кое се карактеризира со минималистички, но сепак елегантен простор за дружење во природа. Живеалиштето е прикачено на стеблото, каде што има уникатен поглед на врвовите на дрвјата низ панорамската стаклена фасада.
Бањата се наоѓа во шумата, а собата е дизајнирана само како дневна соба или простор за спиење. Нема претерани детали или луксуз – сè е уредено минималистички и во хармонија со природата, а изгледа прилично импресивно. Користени се само локални материјали, како дрво и волна, што ја прави оваа кабина вистински пример за одржлива архитектура.
Извор: Goodnewsnetwork