Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор, по вооружениот напад во Цетиње во кој загинаа 13 лица.

Протестот, втор по масакрот во Цетиње, го организира неформалната студентска група „Камо сутра“, а покрај барањата за оставки од министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот задолжен за безбедност Алекса Бечиќ, тие исто така бараат поажуриран пристап кон поседувањето оружје, реформа на полициските структури, враќање на граѓанското образование и подобрување на институционалниот пристап до грижа за менталното здравје.

Демонстрантите извикуваа „убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Оставка е минимална одговорност“, „Нормален живот? и слично.

Протестите претходно беа поддржани од стотици универзитетски професори, културни и спортски работници и новинари.

Откако ги изнесоа своите барања пред Министерството за внатрешни работи, демонстрантите се упатија кон зградата на црногорската влада каде повикаа на 13-минутно молчење за да оддадат на 13-те жртви во трагедијата во Цетиње.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица, од кои едното подоцна почина во болница.

Текстот (Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица е превземен од МАКФАКС.