Актерот Пен Бедгли, најпознат како Ден Хемфри од серијата Gossip Girl, гостуваше во подкастот Call Her Daddy, каде зборуваше за врската со Блејк Лајвли, која во серијата ја играше неговата девојка Серена ван дер Вудсен.
Тој призна дека врската со Лајвли била доста тешка бидејќи било тешко да се одвои од романсата во серијата. „Кога снимате серија, тоа го правите постојано. Она што почнува да се случува кога сте во една улога толку долго е дека нема доволно разделба за никого“, рече тој.
„Сите те гледаат како таа личност, на улица те нарекуваат со името на тој лик. Мораш да бидеш таа личност цело време на работа. Не бев доволно емотивно зрел за да се одвојам од Ден Хемфри. Она што луѓето го мислеа за Ден изгледаше како да го мислеа за мене”, заклучил тој.
Да потсетиме дека Пен и Блејк се запознаа на снимањето на серијата, а беа заедно од 2007 до 2010 година, во првите три сезони на Gossip Girl. Тие ја чуваа својата врска главно во тајност, па дури и продуцентите на серијата дознаа за нивното раскинување дури неколку месеци откако се случи.
Бедгли кратко по раскинувањето изјави дека врската со Лајвли му помогнала да се справи со славата. Тој истакна дека нејзиниот начин на живот му помогнал да ги избегне потенцијалните стапици на животот како јавна личност. Пен моментално е во брак со музичарката Домино Кирке, со која очекуваат близнаци. Лајвли е во брак со Рајан Рејнолдс, со кој има четири деца.
Текстот (Видео) Актер од Gossip Girl: Врската со Блејк Лајвли беше борба е превземен од МАКФАКС.