Манифестацијата „Златна бубамара на популатноста“ годинава ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Вештачка интелигенција за Владата – природна забава за народот“.
„Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, ‘Златна бубамара’ ќе ни овозможи да бидеме ем расположени ем задолжени! Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу нѐ интересира – жирант за добрата забава е Радио Бубамара. Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека ‘Златна бубамара’ е вистинска архива за нашата култура, се уверуваме и деновиве при секое репостирање на ѕвездените моменти од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомува и ги коментира“, велат организаторите на настанот.
Од организацијата на „Златната бубамара на популарноста“ најавуваат уште еден незаборавен спектакл – оваа година во траење од само 3 часа.
Билетите се во продажба.
Текстот „Вештачка интелигенција за Владата – природна забава за народот“ – „Златна бубамара“ на 19 февруари е превземен од МАКФАКС.