Техничкиот премиер на Бугарија, Галаб Донев, денеска ќе одржи средба со шефовите на Министерството за внатрешни работи, безбедносните служби и претставници на обвинителството за да разговараат за истрагата на институциите по вчерашната експлозија врз колоната автомобили на главниот обвинител Иван Гешев, јави БНР.
Според информациите од истрагата, пред автомобилот во кој се наоѓал Иван Гешев и неговото семејство вчера претпладне била активирана експлозивна направа. Во експлозијата нема повредени.
Главниот секретар на МВР, Петар Тодоров, вчера прв даде изјава за инцидентот.
Како што изјави тој, формиран е штаб во кој покрај Министерството за внатрешни работи на Бугарија учествуваат и претставници на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС). Истовремено, Тодоров го најави и денешниот состанок свикан од премиерот Донев.