Братот на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, во изјава за српските медиуми вели дека последната информација со која располагаат е дека повторно сакаат да го затворат.
Оваа негова изјава следува откако судот во Австралија ја прифати неговата жалба и ја поништи одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ донесена од австралиските власти.
„Судот донесе вистинска одлука заснована на факти и не постоеше причина за поинаква одлука, но добиваме информации дека министерот за внатрешни работи е над судот. Новак западна во сериозен политички вител, австралискиот народ е несреќен, заклучен е од почетокот на пандемијата и дефинитивно ова е политика. Тоа што ние го можеме е да се ангажираме сите и по социјалните мрежи да ја пуштиме веста дека Новак сакаат повторно да го заробат и затворат. Тоа е последната информација, во моментов се консултираме со нашата ПР-служба за следните чекори. Тој сега е со адвокатите во просториите каде што беше за време на судењето и во моментов размислува за опциите“, изјави за српските медиуми братот на тенисерот, Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Претходно, откако судот донесе одлука во корист на тенисерот, австралискиот вицепремиер Кристофер Тран изјави дека министерот задолжен за имиграциска политика, Алекс Хок, ќе размисли дали ќе ги искористи личните овластувања за да му ја одземе визата на српскиот тенисер. Таквата одлука ќе значи дека Ѓоковиќ нема да може да влезе во Австралија во следните три години, но и во случај на таква одлука постои опција за жалба.