Кошаркарите на Бостон Селтик не дозволија „метла“ е експресен пораз во конференциското финале на Истокот, па намалија на 3-1 во серијата со Мајами Хит после синоќешната победа со 116-99.
Мајами кој ги доби првите три пресметки во битката за големото финале во НБА, имаше плус девет во третата четвртина, но потоа следеше лудата триминутна серија во која Селтикс направија 18-0 со која комплетно го свртеа мечот во своја корист и на крајот дојдоа до победа за да не дозволат набрзина да бидат исчистени, а „жешките“ да закажат големо финале против Денвер Нагетс.
Точно 150 екипи во историјата на НБА имале заостаток од 0-3 во плејофот, но ниту една екипа не успеала да направи пресврт за анали и да ја сврти серијата во своја полза, а следниот меч кој е нова шанса за останување во живот Бостон ќе ја има повторно на гости во петок наутро по македонско време.