По неодамнешниот развод со Џенифер Лопез, Бен Афлек наводно се насочил кон познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се раздели по 17 години брак.
Извори за странските медиуми изјавија дека актерот долго време бил вљубен во Алба. „Добро чувана тајна е дека Бен Афлек бил вљубен во Џесика Алба пред многу години“, рекле тие и додале: „Тој се интересира за неа речиси 20 години. Сепак, нивните патишта никогаш не се вкрстиле. До сега. Тие имаат силна врска и секогаш кога поминувале време заедно во минатото, хемијата меѓу нив се разбранувала“.
„Бидејќи и двајцата сега се сингл и нивните деца се пораснати, изгледа дека е совршено време нивната врска да процвета“, заклучил изворот.
Раскинувањето на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек се поврзува и со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди Јуниор, но таа гласина набрзо беше демантирана.
Текстот Бен Афлек со години е вљубен во Џесика Алба: „Тој се интересира за неа 20 години“ е превземен од МАКФАКС.