Американскиот претседател Џозеф Бајден ја откажа посетата на Австралија, која требаше да биде втора станица по неговата азиска турнеја, поради кризната ситуација околу лимитот на американскиот федерален долг, пренесува Ројтерс.
Бајден ќе присуствува на тридневниот самит на лидерите на Г7, кој започнува петок во Хирошима, Јапонија, а ќе се врати во САД во недела, додаде изворот, пренесе Ројтерс.
Тој требаше да застане во Папуа Нова Гвинеја, а потоа требаше да замине во Австралија, на состанок на земјите од Квад (Австралија, САД, Индија, Јапонија).