Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска отпатува за Флорида за да ги согледа штетите од ураганот Милтон, второто невреме што ја погоди американската сојузна држава во последните неколку недели, бидејќи зголемените поплави, недостигот на гориво и прекинот на електричната енергија го отежнуваат чистењето.
Милтон, усмрти најмалку 17 луѓе, а струја и гориво сè уште нема во многу области, објави „Ројтерс“.
Бајден утринава слета во Тампа на воздушна обиколка на погодените области на пат за Санкт Петербург, каде што ќе биде информиран за ситуацијата од федералните, државните и локалните власти на плажата Сент Пит.
Градоначалниците на Тампа и Санкт Петербург, заедно со другите локални претставници, го поздравија Бајден, кој исто така ќе се сретне со службите за итни случаи и локалните жители пред да зборува.
Иако Милтон не беше толку деструктивен како што првично предвидуваа официјалните лица, аналитичарите проценија дека осигурените загуби се меѓу 30 и 60 милијарди долари
Администрацијата на Бајден одобри федерална помош за да им помогне на жителите и локалните власти да ги покријат трошоците, но рече дека на Федералната агенција за управување со вонредни состојби ќе и треба дополнително финансирање од американскиот Конгрес.
Текстот Бајден пристигна на Флорида: Се проценуваат штетите од ураганот Милтон е превземен од МАКФАКС.