Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да се запре автоматското оружје, да се прошират контролите и да спроведат други контролни мерки за справување со серијата масовни престрелки што се случија во Соединетите аемрикански држави. Говорејќи од Белата Куќа, Бајден праша уште колку животи треба да се изгубат пред да се сменат законите за оружје во Америка.
Advertisements
„Долго сум дел од оваа битка. Знам колку е тешко, но никогаш нема да се откажам. И ако Конгресот не успее, верувам дека и овој пат мнозинството од американскиот народ нема да се откаже. Доста, доста“, рече Бајден.
Демократскиот претседател повика на серија мерки на кои се спротивставија републиканците во Конгресот, вклучително и забрана на продажба на автоматското оружје и куршуми со голем капацитет или, ако е можно, зголемување на минималната возраст за купување оружје од 18 на 21 година. Тој побара и производителите на оружје да не можат да бидат заштитени од тужби доколку граѓаните вршат насилни дејствија со оружјето на овие производители.. Во Сенатот политичката моќ меѓу демократите и републиканците е 50 – 50, а за да биде усвоен закон треба да има 60 гласа.
САД имаат повисока стапка на смртни случаи од огнено оружје од која било друга држава. Неодамна, десет Афроамериканци беа убиени во масовно пукање во продавница за храна во Бафало, Њујорк, 19 деца и двајца учители беа убиени во Тексас а двајца лекари, рецепционер и еден пациент беа убиени во Оклахома.
Алсат