Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија.
JULIAN ASSANGE IS FREE
Julian Assange is free. He left Belmarsh maximum security prison on the morning of 24 June, after having spent 1901 days there. He was granted bail by the High Court in London and was released at Stansted airport during the afternoon, where he boarded a…
— WikiLeaks (@wikileaks) June 24, 2024
Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ослободен по пет години минати во британски затвор во очекување на екстрадиција во САД.
Родителите на ко-основачот на Викиликс, 52-годишниот Асанж, изјавија дека се среќни што неговото легално мачеништво завршило.
Американските обвинители во судските документи рекоа дека Асанж се согласил да се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор поради собирање и откривање доверливи документи за националната одбрана на САД, според поднесоците во Окружниот суд на САД за Северните Маријански Острови.
Се очекува утре тој да се појави пред американскиот федерален суд на Маријанските острови. Потоа ќе му се даде право да патува во Австралија, соопшти Викиликс.
Извор: МИА