Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во просториите кои што ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка „АК-47“ со калибар 7.62х39мм, две рамки за пушката и 30 куршуми за пушката калибар 7.62х39мм.
Текстот Автоматска пушка и куршуми најдени при претрес во домот на 20-годишен скопјанец е превземен од МАКФАКС.