Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека Роман Абрамович е присутен на руско-украинските мировни преговори во Истанбул.
Потсетување, портпаролот на олигархот и милијардер потврди дека се сомневаат оти Абрамович бил отруен откако бил присутен на претходните преговори меѓу Украина и Русија.
The latest round of Ukraine-Russia peace talks are underway in Istanbul.
Chelsea owner Roman Abramovich, Putin’s unofficial mediator, is onsite, seen here chatting to Erdogan at the start. pic.twitter.com/o0jd4bspLp
— max seddon (@maxseddon) March 29, 2022
Кремљ порано соопшти дека Абрамович имал улога во мировните преговори, но процесот сега е само во рацете на преговарачките тимови на двете страни.
Труењето, се сомневаат лица од потесното опкружување на бизнисменот, се случило во Киев претходно месецов. The Wall Street Journal пишува дека наводно зад труењето стојат тврдокорни струи од Москва на кои не им оди во прилог крајот на војната.
Од друга страна, американските разузнавачи соопштија дека е можно тој воопшто да не бил отруен. „Ројтерс“ цитираше неименуван американски функционер кој вели дека разузнавачките служби сугерираат оти симптомите што ги почувствувале Роман Абрамович и двајцата украински мировни преговарачи биле резултат на „влијание на средината“ наместо на труење./Makfax