Постои „голема веројатност“ руските трупи да ја нападнат Украина, што може да се случи не само преку Донбас, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон.
Според него, ситуацијата околу Украина може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.
„Планот што го гледаме ја прикажува најголемата војна во Европа од 1945 година“, изјави Џонсон за Би-би-си.