Никогаш не сум удрил жена, тврди актерот Џони Деп. Тој сведочеше во случајот за клевета од 50 милиони долари, против неговата поранешна сопруга Амбер Хард.
Тужбата е за статија објавена во „Вашингтон пост“ од страна на Хард, каде таа пишува дека е жртва на семејно насилство.
Хард одговори со тужба против поранешниот сопруг за 100 милиони долари.
Тимот на Хард го претстави Деп како насилник, кој користи наркотици и доста пие алкохол.
Од друга страна, Деп ги отфрли тврдењата на Хард како „измама“ и како добро смислена стратегија, со цел да се наруши неговата репутација.
Актерот вчера истакна дека за него, сега, важна е само вистината. Како што самиот нагласи, ставовите на поединци за него се промениле, по објавениот текст на Хард.
Досега, судскиот процес се фокусираше на однесувањето на Деп, дали тој некогаш вршел физичко или вербално насилство врз Хард.