Судот во Вирџинија ја објави официјалната пресуда за случајот со Џони Деп и Амбер Херд, а пресудата беше донесена во корист на легендарниот актер.
По тој повод Деп на својот Инстаграм профил објави многу емотивна порака.
- Пред шест години засекогаш се сменија мојот живот, животот на моите деца, животите на најблиските, а исто така и животите на луѓето кои со години ме поддржуваа и веруваа во мене. Се се случи додека трепнеш. Во медиумите беа напишани неточни и сериозни обвинувања против мене, кои предизвикаа лавина омраза, иако против мене никогаш не беше покренато обвинение. Шест години подоцна, жирито ми го врати животот. Јас сум навистина горд. Од самиот почеток, целта на донесувањето на оваа пресуда беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Вистината беше нешто што им го должам на моите деца и на сите оние кои останаа цврсти во поддршката што ми ја дадоа. Смирен сум бидејќи знам дека конечно го постигнав тоа – напиша Џони Деп.
Потенцирајќи дека за неговото семејство и за него започна ново поглавје во неговиот живот, бидејќи сега конечно можат да се опуштат и да се радуваат на убавите работи кои ќе им се случат. Под објавата овој американски актер доби зборови на поддршка од обожавателите, но и од бројни познати личности и колеги.
Од друга страна, во истата прилика зборуваше и Амбер Херд, која истакна дека е разочарана што купот докази не се доволни за да се спротивстави на огромната моќ и влијание на нејзиниот поранешен сопруг.
- Разочарувањето што го чувствувам денес е невозможно да се опише. Скршена сум што купот докази не беше доволен за да се спротивстави на огромната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг. Уште повеќе сум разочарана од значењето на оваа пресуда за другите жени. Ова е назадување. Часовникот се враќа во времето кога жените кои избрале да зборуваат јавно биле казнувани и понижувани. Идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно беше отфрлена. Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги игнорира доказите кои беа толку убедливи што победивме во Велика Британија. Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што го изгубив правото што мислев дека го имам како Американка, да зборувам слободно и отворено – напишала Амбер Херд.