Џесика Алба е во Европа со својата 17-годишна ќерка Онор, а на Инстаграм објави фотографии од нивниот заеднички одмор.

„Прекрасни, вечни моменти со моето мало девојче“, напиша 44-годишната актерка, а набрзо од нејзините обожаватели и следбеници беа преплавени со комплименти.

Многумина напишаа дека Онор многу личи на нејзината мајка.

Во јуни, мајка и ќерка заедно присуствуваа и на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а актерката и тогаш сподели нивни заеднички фотографии.

Фото: принтскрин

Текстот Џесика Алба е на одмор во Европа со својата ќерка Онор, објави заеднички фотографии е превземен од МАКФАКС.