Актерката Џенифер Анистон на „Инстаграм“ откри дека гласала на претседателските избори во САД. Американците имаат можност да гласаат пред закажаниот изборен ден. Тие може да гласаат од далечина, на пример, по пошта или лично.
Џенифер ја изрази својата поддршка кон Камала Харис.
„Денес, не гласав само за пристап до здравствена заштита, репродуктивна слобода, за еднакви права, безбедни училишта и правична економија, туку и за разум и човечка пристојност. Запомнете дека вашиот глас е важен кој и да сте и каде и да живеете. Вашиот глас е важен“, ја почна таа својата објава на „Инстаграм“.
„Знам дека не се согласуваме за сè и тоа е убавината на оваа земја, но нели ви е доста од оваа негативност меѓу нас? Заплашување и постојани закани до оние што не размислуваат исто како другите? Ајде да ја завршиме оваа ера на страв, хаос и напади врз нашата демократија и да гласаме за некој што ќе нè обедини, а нема да се заканува“, додаде таа.
Текстот Џенифер Анистон откри за кого гласала на изборите во САД: „Да ставиме крај на ерата на хаосот“ е превземен од МАКФАКС.