Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се огласи на социјалните мрежи по повод смртта на папата, со кој се сретна еден ден претходно.
„Моите мисли се со милионите христијани ширум светот кои го сакаа“, напиша Венс. „Бев среќен што го видов вчера, иако беше очигледно дека е многу болен“, додаде тој.
Венс кажа дека папата засекогаш ќе биде запаметен по проповедта што ја одржа во раните денови на пандемијата Ковид.
„Таа беше навистина убава“, рече Венс и заклучи: „Господ да му ја упокои душата“.