Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот и бегалец Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик, пррнесува ТВ21
Според него, ова е нечија дневно политичка тема за да ја одбегне реалната состојба.
-Кажав и повторно ќе кажам ова е нечија дневно политичка тема за да ја одбегне реалната состојба. Инсинуација и чиста шпекулација дека сум добил некакви документи од Груевски“, порача Џафери.