Макс Ферстапен ужива во моментите на слава откако стигна до првата титула светски првак, холандскиот возач синоќа одржа шампионска забава во Абу Даби, од која „во живо“ преку социјалните мрежи информираше неговата свршеница Кели Пике.
Пријатели на новиот светски шампион тврдат дека токму 32-годишната Кели е „музата“ на Ферстапен, која успеала да го смири Холанѓанецот на патеката и надвор од неа.
Кели Пике е ќерка на легендарниот Формула 1 возач Нелсон Пике. Татко и е Бразилец, но таа е родена во Хамбург и поголемиот дел од животот го минала во Европа.
Макс Ферстапен не и е прва врска на Кели во светот на Ф1, таа повеќе од три години беше заедно со Данил Квјат, за по раскинот со него да тргне со Ферстапен, од кого пред извесно време доби и свршенички прстен.