„По изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети за истрага на неговиот внук Дрин, откако неодамна овој го купи комплексот „Соравија“, Беким Ќоку, политичкиот советник на косовскиот премиер Албин Курти, прашува јавно која правда треба да го истражи неговиот внук.“ – оваа реакција на Беким Ќоку ја пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Беким Ќоку го прашува Али Ахмети: Кажи ни која правда:
– онаа правда, која беше заробена и уништена до темел од ДУИ?
– онаа правда со доверба од само 4 отсто?
– онаа правда на обвинителите и судиите, кои се фамилијарни со ДУИ?
– онаа правда на Државната комисија за антикорупција, која има доверба од само 3 отсто?
– или правдата на Стејт Департментот на САД?“

„Која правда, Али Ахмети?“

Инаку, реакцијата на Беким Ќоку уследи откако денес во врска со купувањето на Трговскиот центар Соравија, Ахмети одговори дека „Дрин не може да ја избегне истрагата“. ТВ 21 го објави одговорот на Али Ахмети откако беше запрашан да се произнесе за „Соравија“ и неговиот внук Дрин. Ахмети уверуваше дека за ова нема да има амнестија или „засолнување“ од негова страна.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата. Нека се разоткрие вистината, за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолнување од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно нека вршат истраги и да се открие вистината.“ – рече Ахмети.

Извор: Expres.mk