Џејлен Брансон погоди две слободни фрлања на 13 секунди до крајот, Мајкл Бриџис му ја украде топката на Џејсон Тејтум и Њујорк Никс славеа над Бостон со 91:90 и го направија вториот брејк во полуфиналната серија, во Источната конференција.
Вториот меч се одвоваше речиси по исто сценарио како првиот. Повторно, Бостон имаше огромно водство и повторно не успеаја да ја задржат разликата. Тие водеа цело време, кон крајот на третата четвртина и 73:53, но тоа не им беше доволно.
Во последниот дел, тие исчезнаа од теренот. Удрија во одличната одбрана на Никс, која им дозволи само 13 поени.
На другата страна од теренот, во финишот се разбудија Бриџис, Таунс и Брансон, кои не блескаа во поголемиот дел од натпреварот. Од резултатот од 86:76, тие направија серија 13:0, поведоа и на крајот заслужено славеа во драматична завршница.
Харт постигна 23 поени во победничкиот тим, додека Таунс постигна 21. Хероите на победата, Брансон и Бриџис, постигнаа 17, односно 14 поени.
На спротивната страна, Џејлен Браун постигна до 20 поени, како и Дилан Вајт. Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл со 13 поени и 14 скока.
Следниот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу петок и сабота на „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Текстот Њујорк Никс го направија вториот брејк на теренот во Бостон е превземен од МАКФАКС.