Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди е слободен играч откако се раздели со Трабзон. Шпанските медиуми тврдат дека ќе се вррати во Шпанија и дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е клубот чии газда е Роналдо, Ваљадолид.

Барди го поврзуваат со разни клубови, откако стана јасно откако тренерот Шенол Ѓунеш, во средината на ноември, нему и на уште тројца играчи им забрани да тренираат со првиот тим. Последниот меч за Трабзон, Барди го одигра кон крајот на октомври.

Во еден момент го поврзуваа со Динамо Загреб, но тоа беше во период кога на клупата на хрватскиот шампион седеше, Ненад Бјелица. Сега „Јутарњи лист“, пишува дека интерес за Барди покажува Хајдук од Сплит.

„Барди е искусен од средниот ред со офанзивни тенденции, кој играше пет години во шпанскиот Леванте пред да се приклучи на Трабзонспор. Затоа не е чудно што за него е заинтересиран Хајдук, бидејќи профилот на таков играч би го подигнал квалитетот на тимот, но реално е да се додаде дека тој е и скап играч кој според „Трансфермаркт“ вреди 4,7 милиони евра. Како слободен играч секако е интересна опција“, пишува во текстот на „Јутарњи лист“.

За потсетување дресот на Хајдук го носи колегата на Барди од националниот тим, Александар Трајковски.

Хајдук по првиот дел од сезоната во шампионатот на Хрватска го дели првото место на табелата со Риека. Двата тима имаат по 36 поени, седум повеќе од Динамо Загреб.

Текстот „Јутарњи лист“: Хајдук е заинтересиран за Енис Барди е превземен од МАКФАКС.