Сер Џим Ретклиф најави изградба на нов „Олд Трафорд“ по пристигнувањето во Манчестер јунајтед. Фирмирана е работна група за изградба на стадионот, вклучувајќи го поранешниот капитен на клубот Гери Невил и градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам.
Според англиските медиуми, стадионот треба да има 100.000 седишта. Во вторникот вечерта, советниците на Советот на Трафорд, главното тело во градската област Трафорд, гласаа едногласно за поддршка на изградбата на стадионот.
Сега треба да биде формиран стратешки план за регенерација на областа. Локалните власти веруваат дека плановите ќе ја поттикнат економијата и ќе обезбедат повеќе од 48.000 работни места и 15.000 нови домови, што ќе донесе околу 4,5 милијарди евра за локалната економија.
Се појавија и првите фотографии од потенцијалниот изглед на стадионот, а претставници на работната група стапиле во контакт со Реал Мадрид и Тотенхем, кои неодамна изградија спектакуларни стадиони.
Цената на новиот стадион на Манчестер јунајтед се очекува да биде околу две милијарди евра, а допрва треба да се одлучи дали ќе се гради на местото на сегашниот стадион или ќе се бара друга локација.
„Олд Трафорд“ беше отворен во 1910 година, а денес има капацитет од 74.310 седишта. Тој е втор по големина во Англија по стадионот „Вембли“ во Лондон. Ситуацијата на култниот стадион е лоша во последно време. На некои места протекува, а има извештаи за наезда на глувци.
Текстот Јунајтед гради стадион со 100.000 седишта, ќе чини две милијарди евра е превземен од МАКФАКС.