Јувентус, во средата, остана без најдобриот дефанзивец и еден од најдобрите играчи во тимот. Бразилецот Бремер, против Лајпциг ги скина лигаментите во коленото. Сезоната за него е завршена.

Тешката повреда на Бремер ги поремети плановите на Јувентус, медиумите шпекулираа дека клубот веднаш ќе го потпише Серхио Рамос, кој се уште е без клуб, но ќелниците на „старата дама“ имаат поинаков план, ќе го чекаат зимскиот преоден рок за да донесат замена за Бремер.

„Имаме играчи кои можат да одговорат на предизвиците на таа позиција. На крајот на краиштата, би можеле да реагираме на зимскиот пазар доколку се укаже вистинската можност, но сега е рано да се зборува за тоа“, рече спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли.

Во неделата на натпреварот против Каљари (1:1), стоперскиот тандем на Јувентус го сочинуваа Пјер Калулу и Федерико Гати.

Текстот Јувентус не е заинтересиран за Рамос, замената за Бремер ќе ја донесе во јануари е превземен од МАКФАКС.