Оклахома Сити Тандер ги победија Денвер Нагетс со 149:106 во вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.
Денвер Нагетс го „украдоа“ натпреварот број еден во Оклахома и ги шокираа Тандер, но во вториот го најдобриот тим во лигата сурово се одмазди за тој пораз.
Го видовме најдоброто полувреме во историјата на кошарката, Оклахома имаше 87 за 24 минути, а на крајот од третата четвртина 124 и предност од речиси 50 поени. На крајот, имаше 43 поени разлика, а можеше да биде многу поубедливо.
Тие постигнаа 149 поени, рекорд на франшизата.
Во овој рекорден триумф каде што Оклахома постигна 149 поени, главниот кандидат за МВП Шеј Гилџис-Александар навистина се истакна со 34 поени, 8 асистенции, 11/13 од поле, а Тандер имаа +53 кога тој беше на теренот.
Џејлен Вилијамс придонесе со 17, Холмгрен со 15 и Хатерштајн со 14 поени.
Кај Денвер Никола Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата, забележа 17 поени, осум скока и шест асистенции, но со него на теренот Денвер имаа -36. Инаку, Јокиќ поради шест лични грешки мечот го заврши во финишот на третиот период.
Расел Вестбрук постигна 19 поени, Џамал Мареј постигна 14, додека херојот на првиот натпревар, Арон Гордон, постигна 10 поени.
Текстот Јокиќ исклучен, Денвер понижени, со 43 поени разлика е превземен од МАКФАКС.