Од последиците на денешното руско гранатирање на цели низ Украина загинаа 36 лица, а уште 140 се повредени, соопшти началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, пренесе МИА.
– Загинаа 36 лица, 140 се повредени како резултат на денешните ракетни напади на Руската Федерација на територијата на Украина, соопшти тој на социјалните мрежи.
Руските сили денеска истрелаа 40 проектили од различни типови над Украина.