Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“.
Во елегантна сина бунда, придружена со громогласен аплауз, Розга се појави пред публиката во преполната сала, а кога се качи на сцената ја испеа една од нејзините најемотивни песни „Циркус“.
„Добра вечер, добри луѓе. Веројатно можете да видите колку сум нервозна. Ви благодарам за толку убавото добредојде. Знаете, јас бев мало девојче кое сонуваше за „Сава центарот“. И еве ме. Ова немаше да се случи без вас што ми дававте љубов и огромна поддршка сите овие години“, рече Розга, едвај задржувајќи ги солзите.
„Таа љубов ќе ви ја возвратам на најдобар начин, а тоа е со песна. Ќе дадам се од себе. Уживајте! Пејте, ајде сите да застанеме на нозе”, извика таа на воодушевената публика.
Да потсетиме, Јелена со седмиот закажан концерт го собори рекордот на „Сава Центар“, кој го држеше Марија Шерифовиќ со шест закажани концерти во таа сала.
„Бројот 7 ме следи цел живот. Уште пред да го објавиме првиот концерт во „Сава центар“, сонував за 7. Среќна седмица. Ви благодарам што ги остваривте моите соништа“, изјави претходно Розга на социјалните мрежи.
Првиот и вториот концерт пејачката требаше да ги одржи на 20 и 21 декември, но ги одложи поради страшната трагедија што се случи во загрепското основно училиште каде загина 7-годишно дете.
„Згрозена и скршена од трагедијата во загрепското училиште, не можам да пеам вечерва и утре во „Сава центар“. Изразувам најдлабоко сочувство до сите кои беа трогнати од овој хорор. Концертите на 20 и 21 декември се одложени, новите термини на концертите се на 16 и 17. 1. 2025. Ќе има време за песна, сега е време за молк“, рече Розга пред неколку дена.
Текстот Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“ е превземен од МАКФАКС.