ОВЕН
Многу сте незадоволни и загрижени за финансиската состојба. Со вашето однесување само го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Mожни се проблеми со алергиски реакции.
БИК
Незадоволни сте од ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци кои следеа. Не е добар ден за нова врска, може да бидете доста разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Се уште не сте задоволни од деловната ситуација. Како ништо да не оди според твоите очекувања. Вие сте тврдоглави.Ниту вие, ниту вашиот партнер се уште не сте подготвени да се откажете. Не претерувајте. Нема поголеми проблеми.
РАК
Внимавајте како избирате нови соработници за да не зажалите подоцна. Во тоа ви треба трпение и упорност. Вие сте осамени. Ви треба некој да ја промени таа мрачна атмосфера.Чувствителен долен дел од стомакот.
ЛАВ
Нема простор за нови грешки на полето на финансиите. Постои можност за вработување со скратено работно време. Ако сакате да го задржите вашиот сегашен партнер, треба да бидете спремни да се жртвувате. Многу е важно да ја подобрите вашата кондиција.
ДЕВИЦА
Сè уште не сте се прилагодиле доволно на промените кои настанале на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола врз одлуките на другите луѓе. Болно грло, пијте чај повеќе.
ВАГА
Наскоро би можеле да пристигнат поволни вести од компанијата каде што аплициравте. Сепак, ве советуваме да бидете внимателни. Едвај чекате да го слушнете мислењето на неговиот партнер за некои ваши идеи. Внимавајте на сообраќајот.
ШКОРПИЈА
Новата работа не ви ги донесе резултатите што ги очекувавте. Тоа носи дополнителна нервоза во вашиот живот. Не е во ред отворено да флертувате секаде и на секое место. Затегнете ја рачната сопирачка. Проблеми со белите дробови.
СТРЕЛЕЦ
Ако сакате да успеете во бизнисот, треба да бидете максимално фокусирани. Многуте искушенија што ги имате ќе послужат само за да ја тестираат вашата посветеност кон сегашниот партнер. Проблеми со бубрезите.
ЈАРЕЦ
Иако моментално немате преголема корист од некои од работните места, профитот ќе дојде кога најмалку очекувате. Не вршете дополнителен притисок врз партнерот кој и онака е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.
ВОДОЛИЈА
Секоја дополнителна деловна задача ви претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. До себе имате партнер кој добро ја разбира и ја познава вашата каприциозна природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.
РИБИ
Постојано пробувате нови потези и тактики, но се чини дека ништо не функционира. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате во бизнис планот и која ќе ви даде поддршка. Во доста добра форма сте.