Фудбалерот на Барселона Ламине Јамал ги даде своите прогнози во врска со Лигата на шампионите.
Барселона игра одлично во последно време, а главен придонес за добрите резултати има одличната форма на Рафиња, Јамал и Левандовски.
Младиот фудбалер го истакна својот тим како главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите.
„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул е елиминиран. Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство. Не сме истиот тим како лани против ПСЖ“, изјави Јамал.
Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите игра против Борусија Дортмунд и ќе биде јасен фаворит.
Текстот Јамал: Ние сме фаворити во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.