Јужна Кореја изрази подготвеност да ги нормализира односите со Северна Кореја и побара помош од Кина за обновување на преговорите.

На средбата по самитот на APEC во градот Ѓеонгју, кинескиот претседател Шји Џинпинг му порача на јужнокорејскиот колега Ли Џае-мјунг дека Пекинг е подготвен да ја прошири соработката и заедно да се справува со регионалните предизвици.

Ли, кој е на функцијата од јуни, изјави дека сака да ги зајакне врските со САД без да ја антагонизира Кина и дека верува оти постојат поволни услови за комуникација со Пјонгјанг. Тој повика и на постепен пристап кон денуклеаризацијата на Северна Кореја, започнувајќи со отворање дијалог и замрзнување на развојот на нуклеарното оружје.

Пјонгјанг, пак, го одби предлогот за денуклеаризација, нарекувајќи го „неостварлива илузија“.

Текстот Јужна Кореја бара помош од Кина за обновување на дијалогот со Северна Кореја е превземен од МАКФАКС.