Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска го осуди Хамас и другите палестински вооружени групи за нивниот упад во Израел и ги повика завојуваните страни на воздржаност.
„Јапонија силно ги осудува нападите во кои беа убиени невини цивили“, напиша Кишида на социјалната платформа Х.
Кишида, исто така, го осуди киднапирањето на луѓето, повикувајќи на нивно итно ослободување.
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека остро ги осудува „ нападите врз Израел од Газа“ и повика на итен прекин на огнот.