Поранешната дописничка од Белград, Лилјана Јаковлевска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека за неа настанот во Бањска не бил неочекуван.

Според неа, српскиот претседател Александар Вучиќ знаел за овие настани, но се преиграл.

„Да речеме дека Вучиќ не знаел, како тој што тврди, тогаш останува да помислиме дека Путин има контрола над некои безбедносни сили во Србија, посебно и агенцијата УДБА бивша, која ја раководи Вулин кој пак е на црната листа на САД и дека тоа го направил за да му покаже дека ништо од него не зависи“, вели Јаковлевска која додава дека на ова таа не верува.

Според неа, и рускиот претседател Владимир Путин има прсти вмешано во овој случај.