Новоизбраната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Атанасовска денеска почна со работни обврски во Уставниот суд.

– Судијката Дабовиќ-Атанасовска беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Доби работни материјали и се запозна со останатите судии и вработените во службата на Уставниот суд, соопшти Уставниот суд.

Мандатот на  Дабовиќ-Атанасовска во Уставниот суд е девет години, согласно Уставот.