Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе ги пропушти УС Опен и Мастерсот во Синсинати!?
Како што пренесува „Дејли мејл“, претседателот на САД, Џо Бајден ќе ги послуша препораките на Центарот за заразни болести и забраната за влез во земјата на сите кои не се вакцинирани и натаму ќе продолжи да важи.
Овие информации значат дека Ѓоковиќ, во еден таков случај, ќе го пропушти турнирите во Америка, каде претходно во март не играше и на Индијан Велс и во Мајами.
Претходно се шпекулираше дека САД од 11. мај ќе ги укине сите забрани поврзани со коронавирусот./Ekipa.mk/