Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во четири сета го победи Жаиме Фарија, а Алкараз во три сета убедливо го победи Јошихито Нишиока.
Ѓоковиќ прптив младиот Португалец Фарија на теренот мина нешто повеќе од три часа победи со 6:1, 6:7, 6:3, 6:2. Со исклучок на вториот сет кој го загуби во тај-брејк, седмиот носител доминираше против Фарија.
Покрај победата тој успеа да урне рекорд на Роџер Федерер. Го одигра 430.меч на Гренд слем турнирите.
Новак во третото коло ќе игра против Томаш Махач, кој го елиминира Рајли Опелка.
Алкараз беше немилосрден против 65.тенисер на АТП листата. Шпанецот славеше со 6.0, 6:1, 6:4. Алркараз првиот сет го освои за само 18 минути игра, првиот гем на Нишиока му го препушти дури во четвртиот гем од вториот сет.
Алкараз во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Нуно Борхес и Џордан Томпсон.
Текстот Ѓоковиќ урна рекорд на Федерер и се пласира во третата рунда на АО, Алкараз го декласира Нишиока е превземен од МАКФАКС.