Новак Ѓоковиќ рутински го совлада Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен. Мечот кој Ѓоковиќ го доби со 3:0 (6:1, 6:4, 6:4), траеше два часа и 22 минути.
Српскиот тенисер го контролираше дуелот од првиот до последниот поен, во ниту еден момент не му дозволи на махач да ја развие својата игра. Србинот Изгледаше многу постабилно и поконстантно отколку во првите две кола. На крајот призна дека ова е неговиот најдобар меч во досегашниот тек од турнирот.
Експресно го доби првиот сет, мали проблеми имаше на стартот на вториот, кога Махач направи брејк, но Ѓоковиќ возврати веќе во следниот гем, потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот. Во третиот сет доволен му беше брејк на стартот.
Во следното коло ривал на Ѓоковиќ ќе биде уште еден чешки тенисер Јиржи Лехечка.
Инаку, Ѓоковиќ по мечот на камерата нашиша: „За Соња“.
10.кратниот шампион во Мелбурн испрати поддршка од далечниот Мелбурн за тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, која се наоѓа во болница откако вчера беше прегазена на тротоар во Белград при студентските протести.
Текстот Ѓоковиќ убедлив против Махач, победата ѝ ја посвети на повредената студентка во Белград е превземен од МАКФАКС.