реклама

Како го замислувате вашиот живот во наредните петнаесетина години?

Можеби ова прашање ви изгледа чудно, но токму тоа прашање треба да си го поставите, доколку одлучите да земете домашен миленик. Сигурни ли сте дека сте подготвени?

реклама

ЈП Лајка открива неколку податоци кои мора да ги имате предвид:

•Кога ќе одлучите да чувате миленик, одлучувате да го проширите своето семејство. Токму така, семејство, бидејќи треба да остане со вас засекогаш и затоа треба да имате желба и можност да ги задоволувате и неговите потреби, или желби.

реклама

•Животните бараат и дел од вашите емоции и дел вашето време. Вашето куче мора да биде шетано, истрчано, барем три пати дневно, и тоа секој ден. Тоа е одлично и за вас, вашата кондиција и здравје, а за вашето куче е неопходно.

•Во ред, ќе го шетате секој ден, а што е со годишните одмори? Алтернатива е следново – или вашиот миленик доаѓа со вас, или некој го чува дома. Не смеете да чувате миленик, а потоа во време на годишните одмори да го напуштите и фрлите на улица. Тоа е сурово,нечовечно, казниво со закон.

реклама

•Сакате да го проширите вашето семејство, а сте со уверувања дека вашето дете не треба да биде изложено на кучешки или мачешки влакна… Во ред, иако науката и медицината укажуваат на бројни предности и придобивки доколку вашето дете живее со милениче, и здравствениот бенефит, ваша е одлуката да не сакате да земете маче или куче. Но таа одлука донесете ја пред да имате деца, а не да биде “ново бебе дома, а миленикот на улица”. Животните не смеат да бидат колатерална штета на вашата афектна, непромислена одлука да земете миленик. Тоа не го прави некој кој се грижи и ги сака животните.

•Куче или маче, сеедно ви е нели, бидејќи ви се подеднакво мили….. сепак верувајте не е исто што ќе вдомите, зошто не се работи само за вас, туку и за нив. Размислете за вашите услови на живеење и секојдневните рутини. Доколку живеете во мала гарсониера, можеби повеќе би ви одговарало да имате помало по раст животно, отколку некое големо куче. Ако во семејството повеќе лица ќе се грижат за миленичето, имате деца кои по цел ден играат, тогаш можете да згрижите и темпераментен, динамичен миленик – но доколку е грижата само на вас, размислете да не е подобро да се одлучите за некој помирен и не толку темпераментен. Можеби за повозрасно кутре од стационар?

•Животните бараат грижа, нега и внимание. Неминовно, нивната грижа претставува и економски трошок за храна, основна ветеринарна нега. Тие се тука за добро, да не сакаат и веселат, да го збогатат и разубават нашиот живот, но ние треба да останеме и во лошо со нив. Тие не се играчки со кои ќе играте додека не здодеат. Тие суштества ќе ве засакаат и верно следат, затоа убаво размислете дали ќе бидете со нив и во мигот кога ќе бидат немоќни или болни. Ништо не ве оправдува ако, кога се во неволја, едноставно ги напуштите, или замените.

•Во ред, јасно ви е сетто тоа што го набројавме, решени сте дека имате услови да чувате миленик и цврсто сте одлучени тоа да го сторите. Знаете дека животните го оплеменуваат животот, ни причинуваат еден куп радости, дека се незаменливи пријатели и дека е невозможно а да не ги засакате и не уживате со нив. Но знаете ли колку такви животни секојдневно се мачат и умираат на улиците, бидејќи нема кој да им овозможи семејство и дом? Знаете ли дека илјадници кучиња и мачки се секојдневно тепани, труени, застрелувани или убивани бидејќи никој не сакал да ги вдоми?  Животните не се предмети, туку живи свесни битија.

Љубовта не се купува со пари. Секогаш и без исклучок одлучете да вдомите!

реклама