Предлог за ручек! Разновидно, избалансирано, шарено… Ароматично пилешко со топла зимска салата која се подготвува за само половина час. Уживајте!

Состојки:

две третини чаша брокула

две третини чаша карфиол

20 мл вода

15 мл сок од лимон

лук во прав

оригано

прстофат шеќер

морска сол

15 гр маслинки без семки

2 сушени домати

250 гр пилешко месо со кожа по избор

За маринадата:

лажица маслиново масло

лажичка сенф

лажичка мед

морска сол

половина лажичка кари

сок од една четвртина лимон

плус чили пиперчиња

Подготовка:

Брокулата и карфиолот кратко сварете ги додека не омекнат и исцедете. Во голем сад измешајте ги сокот од лимон, маслото, лукот во прав, ориганото, шеќерот и солта. Додадете го зеленчукот во садот и измешајте се заедно. Оставете ги вкусовите да се измешаат 20 минути (покриени на собна температура) со повремено мешање. Непосредно пред јадењето, додадете ги доматите и маслинките. Пржете го месото што претходно било оставено во маринадата во тава за скара или тефлон. Посипете со чили пиперки по вкус и сервирајте со топлата салата.