
Шпанската ватерполо репрезентација го освои златото на Светскиот куп. Во финалето, во Лос Анџелес, Шпанија ја победи Италија со 10:4 (5:1, 2:2, 3:1, 0:0). Со пласманот во финалето Шпанија и Италија обезбедија директен пласман на Светското првенство во Доха следната година.
Најдобар актер на натпреварот беше Гранадос со четири гола. Роча Пероне постигна три гола од шест обиди, а мрежата на Италијанците ја затресоа и Санахуја, Мунариз и Де Торо. Во тимот на Алесандро Кампања немаше двоен стрелец. Ди Фулвио постигна само еден гол од шест обиди, а Канеља, не погоди ниту еднаш од од пет обиди. По еден гол постигнаа Прескути, Бруни и Ди Сома.
Во борбата за третото место Унгарија по изведувањето на пенали ги совлада Соединетите Американски Држави со 18:16.