Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост за политичката ситуација во Франција, каде екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен освои најголем број гласови во првиот круг од изборите.
Како што наведуваат светските агенции, ова е првпат Шолц, социјалдемократ, да изрази јасен став за политичката ситуација во Франција, јави МИА.
Германија и Франција го сочинуваат столбот на Европската унија и политичките промени во двете земји би можеле да ја нарушат рамнотежата. Поддршка за екстремно десничарската партија е забележана и во Германија, каде „Алтернатива за Германија“ моментално е на второто место во анкетите.
Вториот круг од парламентарните избори во Франција ќе се одржи на 7 јули