Украинската влада веќе во првата половина од оваа година ќе формира тим за преговори за влез во Европската унија, најави премиерот на таа земја Денис Шмихал на владин состанок.
-Поминавме долг пат. Започнуваме преговори за влез во ЕУ. Одобрена е четиригодишна програма вредна 50 милијарди евра. Веќе во првата половина на оваа година ќе формираме украински тим за пристапни преговори, изјави Шмихал.
Тој, исто така, истакна дека владата подготвува Национална програма за прилагодување на украинското законодавство кон законите на ЕУ и дека работи на проширување на „економски“ и „транспортни“ безвизни патувања.