Оваа сезона меѓу номинираните за наградата најдобар голман, се најде данскиот репрезентативец Каспер Шмајхел. Тој во интервју за „Франс Фудбал“ ги нападна оние кои велат дека фудбалерите имаат среќа.
„Да се биде номиниран за најдобар голман е голема чест. Луѓето велат дека фудбалерите имаат среќа, но не се сложувам. Позади тоа стои многу работа. Сите мои пријатели често одеа на забава, а мене ми беше ускратено. Додека тие „лумпуваа“ јас напорно работев. И тоа продолжува и денеска. Многу од животот го поминав далеку од фамилијата“, рече Шмајхел.
Освен Шмајхел, за наградата најдобар голман се Навас, Донарума, Облак, Мартинез, Менду, Нојер, Куртоа, Хандановиќ и Едерсон.