Од денес е прооден и спремен за користење пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради наместо Панорамското тркало, проект кој беше дел од Скопје 2014. Со пренамената на тркалото и изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра.
„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“ – порача градоначалникот Шилегов.
Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година.
„И кога некој ќе каже дека сите се исти, јас со гордост и сигурност можам да кажам дека не сме. За мене вие граѓаните сте важни и вашите приоритети, затоа ќе продолжиме заедно да градиме модерно Скопје. Она што особено ме радува, е дека овој мост ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година. Со тоа, тој ќе стане прекрасно шеталиште кое ги спојува двете страни на градот“ – вели градоначалникот Шилегов.
Тој ја побара поддршката од граѓаните на Скопје за да се заврши се она што е храбро е започнато.