Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати смирувачка порака до граѓаните на РС Македонија во врска со вчерашните „високи тонови меѓу Косово и Србија“.

„Високите тонови меѓу Косово и Србија загрижуваат, но не стравуваме од прелевање бидејќи сме членка на НАТО. Тоа е вредноста на нашето членство како 30ти сојузник“, објави Шекеринска на Фејсбук.