Во шведските медиуми се појавија бројни извештаи дека неколку лица се убиени во пукање во училиштето.
Според некои тамошни медиуми, повредени се 15 лица, а има и смртно застрелани.
Сепак, портпаролот на шведската полиција изјави дека не може да коментира дали има жртви.
На прес-конференцијата беше потврдено дека најмалку пет лица се повредени и пренесени во итната медицинска помош.
Медиумите објавија и дека за нападот во училиштето е осомничен 35-годишен маж, но и ова засега не е официјално потврдено.
Пукањето се случило во училиште за образование за возрасни во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Нападот се случил околу 13 часот, а властите ги повикуваат жителите да се држат подалеку од училиштето.
Објавено беше видео од нападот.
Текстот Шведската полиција не ги коментира медиумските извештаи за жртви во нападот во училиштето е превземен од МАКФАКС.