реклама

Лорин, претставничката на Шведска на Евровизија, е победник на овогодинешниот натпревар со песната Tattoo.

По презентирањето на гласовите на националните жирија, Шведска беше во убедливо водство со 340 поени. На второто место се најде Израел со 177 бодови, трета Италија со 176 бодови, четврта Финска со 150, а Естонија петта со 146 бодови.

реклама

Во тензичното финале на претставувањето на гласовите на публиката, Шведска беше прогласена за победник со вкупно 583 поени. Второто место го освои Финска со 526 поени, трет Израел со 362 поени, четврта Италија со 350 поени, а петта Норвешка со 268 поени.

Од земјите во регионот најдобро се пласираше Хрватска. Таа го зазеде 13-тото место со 123 поени. Словенија е 22. со 78 бодови, а Србија е 24. со 30 бодови.

реклама