Шарлиз Терон не изгледаше импресионирана од венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна 50 милиони долари, во Венеција, на која учествуваа ѕвезди. На забавата организирана од нејзината фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project“, таа се пошегува за „венчавката на векот“.

„Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос“, изјави актерката пред публиката на настан во Лос Анџелес.

„Но, тоа е во ред затоа што тие се без врска, а ние сме супер“, се пошегува Терон, според „Холивуд репортер“.

Добитничката на Оскар им се заблагодари на своите гости што „одвоиле време да бидат дел од настанот, особено кога се чувствува како светот да гори“.

Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта во Венеција.

Текстот Шарлиз Терон пред публиката во Лос Анџелес: Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос е превземен од МАКФАКС.